Connect with us

Втора лига Запад: Велешта се доближи до Скопје, Охрид извлече бод од Гостивар

Велешта оствари триумф од 3-2 против Кораби на домашен терен и ја намали негативата во однос на лидерот Скопје. Тимот на Љупчо Марковски во ова коло од Втората лига Запад беше слободен, но и натаму има солидан предност на врвот на табелата.

Гостивар не успеа да слави триумф, Охрид се извлече во судиското продолжение. Домашниот тим поведе со голот на Хакан Лимани во 45.минута, но Наум Вељаноски во 91.минута погоди за 1-1.

Кадино со 2-1 ја совлада Дрита. Елмир Алији во 18.минута ги доведе гостите во водство, Марко Андоновски израмни во 59.минута, а Алпај Јусуф донесе триумд за домашниот состав.

Тетекс славеше против Велазерими во Кичево со 0-1.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови