Connect with us

Втора лига Запад: Пораз за Вардар во Гостивар, Воска побегна можеби и недостижно

Најтрофејниот македонски клуб Вардар доживеа пораз (2-1) на гостувањето во Гостивар и сега има огромна негатива во однос на Воска во трката за второто место на табелата во Втората лига Запад.
Воска со 1-2 славеше против Кадино на гости.


Мечот вп Гостивар го одбележаа контроверзи и спорни судиски одлуки. Во деветтата минута Бенџамин Демир донесе водство за Вардар, но во 45. минута беше досуден пенал за Гостивар, а го реализираше Хусеин Демири. Гостивар дојде до победа во судиското продолжение со голот на Ринор Ајдини.

Воска Спорт се намачи, но победи на гости кај Кадино со 1-2. Марио Благојевски во петтата минута донес предност за Кадино, но Љупчо Трпески во 59. минута и Михајло Јакимовски во 84. минута се погрижија за пресврт.

Силекс победи на гости кај Велешта со 1-2. Благоја Спиркоски и Давид Манасиевски стрелаа за кратовци, а поразот го намали Албнор Каба.

ГФК Охрид на домашен терен го совлада Кораб со 2-1. Фитор Реџепи и Роберт Митев погодија за „рибарите“, а Блерон Муча стрелаше за гостите. Тетекс и Беса ремизираа без голови.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови