Connect with us

Струга ТЛ и со пораз е на врвот, но Шкупи ја стигна, а и Шкендија се надева на титула

Актуелниот шампион Струга Трим Лум загуби од Силекс со 2-3 на домашен терен, но уште е на првото место на табелата во Првата лига. До крајот преостануваат уште четири кола во битката за титулата.

Бесарт Ибраими и Марјан Радески донесоа предност од 2-0 за Струга ТЛ, но Силекс не се предаде. Леонид Игнатов намали во 36.минута, а на почетокот на вториот дел со втор гол го израмни резултатот. Антонио Каланоски потполно го шокираше шампионот со трет погодок за Силекс во 52.минута.


Шкупи со новиот тренер Ернест Ѓока успеа да најде „лек“ за Тиквеш и во драматичен финиш победи со 3-2. Арби Воша донесе водство за Шкупи во 39.минута, но израмни Едиз Спахиу во 53.минута од дуелот. Во финишот Спахиу постигна уште еден погодок и го шокираше Шкупи, но успеа да израмни Емануел Аворнио во 86.минута. Истиот фудбалер во 97.минута постигна победнички гол за Шкупи.

Шкендија во Тетово беше подобра од Гостивар и славеше со 4-1. Аденис Шала во втората и во деветтата минута донесе убава предност за Шкендија, а Фитон Адеми во 54.минута зголеми на 3-0. Ланре Кехинде во финишот постигна гол за Гостивар, а серијата ја затвори Ералдо Чинари во 88.минута.

Работнички ремизираше против Македонија ЃП, 1-1. Стрелец на голот за “лавовите” беше Кеит Ларсон во последните мигови од првото полувреме, а израмни Сабит Билали во 65.минута.

Брера и Вардар одиграа одличен меч во Турново, а славеше домаќинот со 2-0. Куриозитет е дека во раната фаза се повреди судијата Александар Ставрев и мораше да биде заменет, а Брера постигна погодок преку Матеј Цветаноски во 24.минута од мечот. Во финишот Брера дојде и до 2-0 со голот на Ѓорѓе Ивковиќ.

Воска Спорт убедливо ја победи Брегалница со 4-0. Ален Јашароски беше стрелец на првите два гола, во 11.минута и во 21.минута, а пред крајот на првиот дел погоди и Бобан Георгиев. Алекса Марушиќ ја затвори серијата голови во 82.минута од дуелот.

ПРВА ЛИГА, 29.КОЛО – РЕЗУЛТАТИ
СТРУГА ТЛ – СИЛЕКС 2-3
ШКУПИ – ТИКВЕШ 3-2
ШКЕНДИЈА – ГОСТИВАР 4-1
РАБОТНИЧКИ – МАКЕДОНИЈА ЃП 1-1
БРЕРА – ВАРДАР 2-0
ВОСКА СПОРТ – БРЕГАЛНИЦА 4-0

Standings provided by Sofascore

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови