Последно коло во Втората фудбалска лигa. Со оглед дека сѐ е познато на врвот, Воска и Гостивар се нови прволигаши, а Вардар ќе игра бараж против Скопје за пополнување на елитата, фокусот е кон битката за опстанок.
Три екипи се во виорот, Каменица Саса, Тетекс и Локомотива Пехчево. Еден ќе се спаси, вториот ќе игра бараж, а третиот ќе опстане.
Во најдобра ситуација е Каменица Саса, кој ќе опстане и доколку освои бод на денешното гостување кај Пелистер во Битола.
Тетекс гостува кај Арсими, а Локомотива Пехчево на домашен терен ја пречекува Беса.
Саса е на 12. место, со 30 бода и сега има опстанок в раце. Веднаш зад неа е Тетекс, кој има 28 бода и е на позицијата која носи бараж, додека Локомотива Пехчево со 27 бода е пред испаѓање. Но, тоа е тимот што игра на домашен терен во последното коло.
На останатите натпревари, Гостивар оди на гости кај Караорман, Воска Спорт е гостин на Борец, додека Вардар гостува во Гевгелија и ќе игра со Кожуф.
Охрид Лихнидос ќе ја пречека Беласица, додека Детонит Плачковица ќе се сретне со Слога Виница.
Сите натпревари од Втората фудбалска лига се закажани за в сабота од 17 часот.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski