Брегалница дојде на само еден чекор од официјална прволигашка промоција откако славеше на гости против Осогово со 0-2, но и Тиквеш оствари победа (0-2) на гости против Кожуф.
Владимир Дујовски во 33.минута го доведе штипскиот тим во водство на дуелот во Кочани, а Андреј Кудијан во 68.минута го постави конечниот резултат.
Тиквеш славеше со 0-2 во Гевгелија. Симеон Христов од пенал донесе предност во четвртата минута, а Кристијан Ризов при крајот на првиот дел зголеми на 0-2.
Кит Го ремизираше 1-1 против Каменица Саса. Гостите дојдоа во водство со голот на Сашо Дуков во петтата минута, а израмни Бошко Ступиќ во 18.минута.
Слога Виница триумфираше со 1-2 на гости против Росоман со головите на Митров и на Спасевски, а Победа со 1-3 славеше кај Плачковица.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski