Брегалница е на еден чекор до прволигашката конкуренција. Штипскиот тим уште денеска во Кочани би можел да оствари пласман во елитата и да ја прослави титулата во Втората лига Исток, доколку триумфира на гости против Осогово, а истовремено Тиквеш не успее да освои три бода Тиквеш на гостувањето против Кожуф.
Составот на Марјан Секуловски и пролетва покажа дека е доминантен на Истокот, реди победи, а шампионското славје секако ќе биде неизбежно или во ова или во следното коло.
Брегалница му гостува на Осогово, кој секако ќе сака да го сопре најсилниот тим во лигата.
Тиквеш оди на гости во Гевгелија на пресметка со Кожуф, а Кит Го на домашен терен ја пречекува Каменица Саса.
ДВОЈКИ, ВТОРА ЛИГА – ИСТОК, 24.КОЛО (13 часот)
Осогово – Брегалница
Кит Го – Каменица Саса
Кожуф – Тиквеш
Плачковица – Победа
Росоман – Слога Виница
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski