Слога Виница, Беласица и Победа ја продолжуваат трката за водечките позиции во Втората лига Исток.
Беласица го декласира Осогово на гости со 0-5. Димитар Трајков на почетокот од второто полувреме го скрши отпорот на домашните, а потоа стрелаа и Милушев, Коцев, Крстев и Давков.
Победа со 1-2 славеше против Локомотива Градско. Стрелци за гостите беа Бојан Спиркоски и Даниел Карчески.
Слога Виница го совлада Братство на гости со 0-3.Стојче Стојов погоди за 0-1, а Андреј Симевски и Божидар Митревски го потврдија триумфот.
Каменица Саса и Пехчево одиграа 2-2. Андонов и Иванов од пенал по само десетина минути донесоа водство од 0-2 за гостите, а Марковски и Алексовски од пенал стрелаа за Каменица Саса.
Детонит и Кожуф исто така одиграа 2-2.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski