Connect with us

Воша: Шкупи патува во Струга со една цел – да победиме!

Шкупи по првото пролетно коло и убедливиот триумф (3-0) против Воска Спорт го презеде врвот на табелата од актуелниот шампион Струга ТЛ. Но, утре ќе биде пред голем предизвик, затоа што токму на струшкото крајбрежје ќе игра дерби дуел против првакот.


Крилниот напаѓач на Шкупи, Арби Воша, зборуваше за очекувањата во пресрет на предизвикот во Струга.

„Нè очекува многу тежок натпревар. Струга е многу добар тим, но веќе не ги криеме амбициите дека на крајот сакаме да бидеме прогласени за шампиони. За овој натпревар се подготвивме максимално, во тимот има многу добра атмосфера, сите сме како големо семејство и работиме напорно. Во сите натпревари влегуваме како да се дерби, но не криеме дека патуваме во Струга со една дел, да победиме. Цврсто веруваме дека на Чаир ќе се вратиме со три бода“, изјави Воша.

Дербито меѓу Струга ТЛ и Шкупи се игра утре со почеток во 14 часот, а сите останати натпревари од 20.коло во Првата лига се закажани за в недела.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови