Навивачката група Комити ги поддржа фудбалерите на Вардар на почетокот на подготовките за настап во Втората лига Запад. Со нов сопственик, нов тренер Горан Симов и реновиран тим, составен од неколкумина поискусни, како Дејан Блажевски, Филип Петковски, Оливер Пеев, Филип Петров, Дарко Стојанов, Трајче Стојковски…, вардарци денеска на арената „Тодор Проески“ го започнаа патот за враќање во елитата.
„Вардар почнува од почеток. Но, ова е најтрофејниот македонски клуб, знаеме дека секогаш ќе ја имаме поддршката на верните „Комити“ и на јавноста и ќе сториме се за да се издигнеме и да го вратиме каде што припаѓа. Сакаме да играме фудбал, не очекува тежок период до враќање во елитата, но се надеваме дека ќе успееме“, изјави Горан Симов.
Првата фаза од подготовките Вардар ќе ја одработи во Скопје, а потоа ќе замине во Охрид каде ќе одигра неколку пријателски натпревари.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski