Connect with us

УЕФА отвори истрага за инцидентите на мечот меѓу Ница и Келн

Европската фудбалска федерација (УЕФА) започна истрага за инцидентите на натпреварот од групната фаза на Конференциската лига меѓу Ница и Келн. Синоќешниот натпревар заврши 1-1, но она што се случи на теренот беше далеку најзапаметениот дел од натпреварот, бидејќи навивачите на двата тима имаа жестока пресметка меѓу себе на стадионот.


Поради тоа натпреварот доцнеше речиси еден час додека полицијата не интервенираше.
Агенцијата Франс Прес објави дека во инцидентот се повредени 32 лица.


Обвиненијата поднесени од УЕФА против Ница вклучуваат фрлање предмети, палење факели, непримерно однесување и ограничување на движењето на гледачите од страна на обезбедувањето. Келн ќе биде под истрага за фрлање предмети, палење факели и нарушување на редот.


Речиси 10.000 приврзаници на Келн пристигнаа на гостувањето на Азурниот брег, но нивното доаѓање не беше прифатено со „добредојде“ од Французите, дури и градоначалникот на Ница јавно се пожали на вандализам од германските навивачи.


И обвинителството во Ница отвори истрага за насилството, во кое беа повредени 32 лица. Во тек се три увиди за инциденти, не само на стадионот, туку и надвор од него, како и во центарот на Ница, пренесоа француските медиуми. Целта е да се „идентификуваат и приведат“ одговорните.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови