Connect with us

Тухел: Манчестер Сити е најтешкиот можен ривал, но ние имаме самодоверба

Германскиот првак Баерн Минхен се врати во ритам со победата (0-1) против Фрајбург во Бундес-лигата, откако претходно доживеа шокантна елиминација од истиот ривал во Купот. Сега избраниците на тренерот Томас Тухел патуваат во Манчестер на дуел против Сити, во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите кој е на програмата утре на „Итихад“.


„Во Манчестер ќе се соочиме со противник кој е на највисоко ниво. Но, верувајте ми, ние одиме таму полни со храброст. Сè може да се случи ако сме подготвени да дадеме се од себе. И верувам дека ќе бидеме подготвени”, вели Томас Тухел.

Тој се пожали на константност во играта на последните три натпревари на тимот под негово раководство. Но, и покрај загриженоста, Баерн води во Бундес-лигата со два бода пред Борусија Дортмунд.

„Ни недостига малку самодоверба и малку повеќе креативност. Исто така, свесни сме дека треба да играме на врвно ниво за да се спротивставиме на силниот тим на Манчестер Сити“, додаде тој, објаснувајќи дека грешките што неговите фудбалери ги правеа на изминатите мечеви би чинеле многу скапо на дуелите со Манчестер Сити.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови