Connect with us

Тухел ја заврте баварската машина и ја победи Борусија Дортмунд (ВИДЕО)

Баерн Минхен го доби големото дерби против Борусија Дортмунд со 4-2 и се врати на врвот на табелата во Бундес-лигата со 55 бода, два повеќе од „милионерите“. Томас Тухел не можеше да посака поубаво деби на кормилото на баварскиот клуб, иако можеби крајот на мечот малку и ќе го подзамисли.

Баерн Минхен имаше водство од 4-0. Кобел направи неверојатна грешка за водство на Баерн, а потоа Томас Милер стапи на сцена, постигна два гола, во 18. и во 23.минута, и го нокаутира големиот ривал.

Кингсли Коман на стартот на вториот дел постигна четврти гол за баварскиот тим, а Борусија Дортмунд сепак дојде до попристоен пораз. Емре Џан од пенал намали на 4-1, а Дониел Мален до крајот постигна уште еден гол за „милионерите“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови