Тренерот на Баерн Минхен, Томас Тухел, го коментираше ремито 2-2 на неговиот тим против Реал Мадрид во првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите.
„Почнавме многу добро и можевме да поведеме уште во првата минута. После тоа престанавме да се држиме до нашиот план, не знам ни зошто. Примивме гол и работите станаа тешки. Се подобривме во вториот дел и водевме со 2-1. Имавме многу шанси. Чувството беше чудно. Ситуацијата е јасна. Победа во Мадрид ќе не испрати на „Вембли“. Шансите за мене сѐ уште се 50 – 50“, изјави Тухел.
Реваншот е следната недела на 8 мај, на „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski