Connect with us

Анчелоти: Треба да покажеме подобро издание на реваншот во Мадрид

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, го коментираше ремито 2-2 против Баерн Минхен во првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите. Резултатот го остава отворен исходот од натпреварот, но „кралскиот клуб“ ќе има значителна предност во реваншот за една недела, бидејќи ќе игра пред сопствените навивачи на стадионот „Сантијаго Бернабеу“.


„Нашиот момент беше на почетокот на вториот дел и потоа постигнавме два гола. Тие ја покажаа својата најдобра верзија. Мора да покажеме подобро издание следната недела. Првото полувреме се браневме, но со мал интензитет. Во вториот, кога тие поведоа, почнавме да притискаме малку повеќе. Чувството беше дека ни е удобно, но недостигаше интензитетот. Со замените барав малку повеќе енергија. Имам адути на клупата и треба да ги искористам. Добро сме позиционирани во Ла Лига и Лигата на шампионите, мора да се обидеме да стигнеме до Лондон“, изјави Анчелоти.

Реваншот е следната недела на 8 мај во Мадрид.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови