Connect with us

ЛШ: Спектаклот во Минхен со четири гола и без победник (ВИДЕО)

Баерн Минхен и Реал Мадрид одиграа фантастичен меч на „Алијанц арена“ и ремизираа 2-2 во првиот полуфинален дуел од Лигата на шампионите. Многу возбудувања, четири гола, пресврти, но на крајот и без победник. Јасно е дека патникот во финалето ќе се решава на реваншот на „Сантијаго Бернабеу“.

Винисиус Жуниор во 24.минута донесе водство за „кралскиот клуб“ откако Тони крос на фантастичен начин го проигра да излезе осамен пред Мануел Нојер.

Но, Баерн Минхен возврати силно на стартот на второто полувреме. Лирој Сане во 53.минута влезе во шеснаесетникот, распали откосо од десната страна и успеа да го совлада Андриј Лунин.

Само четири минути подоцна, Мусијала изнуди пенал, а сигурен реализатор беше Хари Кејн.

Реал Мадрид имаше сили уште еднаш да израмни. Родриго изнуди пенал по прекршокот од Ким Мин-Јае, а Винисиус Жуниор со својот втор гол го постави конечниот епилог, 2-2.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови