Connect with us

Тотенхем се враќа во игра за Конте?

Тотенхем размислува да се врати во битката за потписот на Антонио Конте, по неуспешниот обид летово. Конте, наводно, го дал својот збор на Манчестер Јунајтед, но позицијата на Оле Гунар Солскјер се зацврсти по високата победа над Тотенхем со 3-0 во саботата. Додека се чекаат дуелите со Аталанта и Манчестер Сити, Норвежанецот ја има поддршката од клубот.

Од друга страна, по вчерашниот пораз, “спарс” размислуваат за нов обид на доведување на италијанскиот стратег. Тој е изборот на Фабио Паратичи, па поради тоа, претседателот на клубот, Даниел Леви ќе се обиде да го оствари овој потег, се вели во италијанските медиуми.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови