Фудбалската федерација на Македонија ги заврши активностите од проектот за осветлување на стадионот “Петар Милошевски” и го пушти во употреба рефлекторското осветлување на фудбалската гордост во Битола.
На бетонски столбови долги речиси 50 метри поставени се повеќе од 250 големи светилки кои го ослетлуваат теренот и трибините на “Петар Милошевски”. Во последната фаза, се работи уште на калибрирањето на светилките.
„Обврските кои Фудбалската федерација на Македонија ги презеде за реконструкција на стадионот во Битола, целосно се завршени. Од поставувањето на тревна подлога со дренажен систем и систем за наводнување на тревникот, се до модерно и по стандарди на УЕФА рефлекторско осветлување. Средствата ги обезбеди ФФМ преку “Хет-трик” програмите на УЕФА. Со изградбата на новата јужна трибина и со проектите кои ги реализиравме, Битола доби репрезентативен стадион, но исто така важно е дека покажавме дека заедно со локалната самоуправа можеме многу да си помогнеме за развој на фудбалот и инфраструктурата во еден од нашите најголеми фудбалски центри. Пелистер се врати во Првата лига и од есен ќе гледаме натпревари под рефлектори во Битола“, изјави претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski