Connect with us

Флорентино Перез му се јавил на Мбапе по елиминацијата во ЛШ

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, телефонски му се јавил на напаѓачот на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе, откако парижаните испаднаа во полуфиналето на Лигата на шампионите, објави шпанското издание „Defensa Central“.

Се очекува Мбапе да дојде во Реал Мадрид на лето по завршувањето на актуелната сезона, но трансферот сѐ уште не е официјално објавен.

Според „Defensa Central“, Перез му рекол на францускиот фудбалер: „Се надевам дека ќе бидеме на „Вембли“. Ќе беше задоволство да играме против тебе”.

Пари Сен Жермен загуби со по 1-0 во двата меча од полуфиналниот двомеч против германската Борусија Дортмунд.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови