Connect with us

Хоселу: Вакви емоции не можеш да доживееш во друг клуб, головите ги посветувам на сопругата и на децата

Херојот на Реал Мадрид против Баерн Минхен во реваншот од полуфиналето во Лигата на шампионите, напаѓачот Хоселу, едвај ги задржа емоциите по крајот на натпреварот. Тој ги постигна двата гола за успех од 2-1, со што „кралевите“ се пласираа во финалето на елитното европско клупско натпреварување.


Овие голови напаѓачот им ги посвети на сопругата и децата.

„Тешко е да се опише вакво нешто, чувството е многу силно. Ми требаше многу работа за да стигнам овде во текот на целата кариера. Кога го слушнав последниот свиреж, емоциите во мене беснееја. Среќен сум што сум тука и да можам да го доживеам ова, многу работи ми поминуваат низ главата, сакам да ги отстранам сите негативни и останува само позитивното“, истакна Хоселу.

„Овие голови и овие убави моменти им ги посветувам на мојата сопруга и на моите деца. Тие ме поддржуваа во текот на мојата кариера. Сите овие отсуства, патувања… Мојата сопруга е веројатно најважната личност во мојот живот. Се надевам дека ќе можам да поминам малку повеќе време со неа по крајот на сезоната, за да и се заблагодарам за трпението што го има“, додаде напаѓачот.

„Едноставно е неверојатно чувство да се биде во овој тим и да се носи овој дрес. Поинаку е од она што сум го доживеал во кој било друг тим“, потенцира Хоселу.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови