Connect with us

Судиската грешка го потсети Томас Милер: „Вака беше и кога Кристијано Роналдо ни даде два гола“

Фудбалерите на Реал Мадрид со головите на Хоселу успеаја да победат со 2-1 и да се пласираат во финалето на Лигата на шампионите.


Контроверзен момент се случи при голот на Матијс де Лихт за потенцијални 2-2, кога помошниот судија досуди офсајд на Насер Мазрауи. Се покажа дека нема офсајд.

По тренерот Томас Тухел и Матијс де Лихт, зборуваше и ветеранот Томас Милер.

„Судијата воопшто не се консултираше со ВАР. Не ја искористи ни можноста да погледне. Навистина чудна ситуација, пребрзо свиреше”, изјави по мечот Милер, кој влезе од клупата за резерви во вториот дел.

Тој во неверување се присети на ситуацијата против Кристијано Роналдо во дресот на „кралскиот клуб“.

„Неверојатна одлука. Не знам што се случи, но за жал ова се случува многу често во Мадрид. Ова го доживеав веќе во 2017 година кога Роналдо постигна два гола… Но, тоа беше пред да се користи ВАР“, алудираше Милер на елиминацијата од Мадрид во четвртфиналето од таа сезона.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови