Connect with us

Тухел: Тешко е да се проголта еден ваков пораз

Тренерот на Баерн Минхен, Томас Тухел, не го криеше разочарувањето по поразот со 1-2 на „Сантијаго Бернабеу“ во реваншот со Реал Мадрид во полуфиналето на Лигата на шампионите. Неговиот тим беше на минути до пласман во финалето, но на крајот доживеа драматичен пресврт. Затоа поразот уште повеќе боли.


„Боли, ќе треба време да се опоравиме од оваа загуба. Дадовме сѐ на теренот. Секако дека е тешко да се прифати овој пораз, но тоа е реалноста. Не жалам за ништо. Од друга страна, имавме исто така многу повреди, премногу замени, премногу грчеви, почнавме со четворица дефанзивци, а на крајот од натпреварот сите беа заменети. Потоа Ману (Нојер) кој нѐ спасуваше во текот на мечот, ја направи оваа грешка која нема да ја повтори во наредните 100 години“, изјави Тухел.

Не ја пропушти спорната ситуација во дополнителното време, кога голот на Баерн беше поништен поради „тенок“ офсајд.

„Оваа одлука е апсолутна катастрофа. Требаше да остават нападот да се развива до крај. Тоа се правилата, особено кога станува збор за толку „тенка“ ситуација за гол. Првата грешка беше од страничниот судија, а втората дојде од главниот судија кој конечно и самиот знаеше дека греши“, додаде стратегот на Баерн Минхен.

Реал Мадрид и Борусија Дортмунд ќе играат во финалето на ЛШ на „Вембли“ на 1 јуни.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови