Connect with us

Анчелоти секогаш има џокер во џебот: Хоселу го одведе Реал Мадрид во финалето на ЛШ (ВИДЕО)

Реал Мадрид ќе игра во финалето на Лигата на шампионите на „Вембли“ на 1 јуни против Борусија Дортмунд, откако со фантастичен финиш и два гола на Хоселу во период од три минути направи пресврт и славеше со 2-1 против Баерн Минхен на „Сантијаго Бернабеу“.

Карло Анчелоти секогаш има џокер во џебот, ги уфрли при негатива Лука Модриќ, Едуардо Камавинга, Брахим Дијаз и Хоселу, а шпанскиот голгетер му се оддолжи со два гола носејќи ги „кралевите“ во ново финале на Лигата на шампионите.

Винисиус Жуниор ја имаше првата голема шанса на мечот во 13.минута, но Мануел Нојер успеа со двојна одбрана и со помош на дирекот да спаси да се тресе неговата мрежа.

Во вториот дел, Алфонсо Дејвис, по одличната асистенција на Кејн, продре откосо од левата страна и со десната нога погоди во спротивниот агол од голот на Андриј Лунин. На семафорот тогаш стоеше 68.минута.

Но, Реал Мадрид знае да се извлече во финишот. Така беше во минатото против Манчестер Сити, така беше и вечерва против Баерн Минхен. Херојот е Хоселу, но победничкиот дух на Реал го носат сите членови на „кралскиот клуб“.

За Реал Мадрид тоа ќе биде 18. финале во Лигата на шампионите, а ќе се обиде да го освои 15. трофеј.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови