Connect with us

Реал Мадрид ќе исплати рекордна премија на фудбалерите доколку го освои трофејот во ЛШ

Реал Мадрид и Баерн Минхен од 21 часот во Мадрид, на „Сантијаго Бернабеу“ ќе го одиграат реваншот од полуфиналето на Лигата на шампионите откако првиот меч во Минхен заврши 2-2. Вечерва ќе го дознаеме вториот финалист на Вембли откако синоќа меч за европската титула обезбеди Борусија Дортмунд која со вкупен резултат 2-0 го елиминира ПСЖ.

Најголемите шпански и германски клубови, кои вкупно 20 пати ја освоиле европската титула, во нивната 28. средба во европските купови ќе одлучуваат кој оди во финалето. Баерн беше подобар во првиот натпревар, но благодарение на грешките на Ким, Реал постигна два гола за активен резултат пред реваншот на домашен терен.


„Марка“ денеска ја објави сумата што секој играч на Реал Мадрид ќе ја добие од клубот како награда доколку ја освои Лигата на шампионите. Тоа е дури 1,4 милиони евра по играч, што е за 500.000 евра по човек повеќе отколку што беа наградени фудбалерите на Реал Мадрид во 2022 година за истиот успех.

Наводно, со богата сума ќе бидат наградени и членовите на стручниот штаб на Карло Анчелоти, па се проценува дека Реал Мадрид во случај на голем успех ќе плати нешто помалку од 40 милиони евра на играчите и тренерскиот тим.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови