Македонскиот репрезентативец Енис Барди оваа сезона игра одлично во дресот на Трабзонспор, иако можеби тимот во целина и малку потклекна во домашниот шампионат. Сепак, Барди ќе добие бонус за своите добри изданија, откриваат турските медиуми.
Барди исполнил една од клаузулите во договорот, според која му следува бонус ако учествува во десет гола на Трабзон во една натпреварувачка сезона. Се сметаат постигнатите голови и асистенциите.
Капитенот на македонскиот национален тим досега има учество во 11 гола. Тој постигна седум погодоци и забележа четири асистенции.
Според турските медиуми, Енис Барди од Трабзонспор има загарантирана годишна плата од 1,3 милиони евра, а ќе добие дополнителен бонус за реализацијата на оваа клаузула во договорот.
Трабзонспор вечерва игра против Караѓумрук на гости во реванш мечот од полуфиналето на Купот на Турција. Првиот меч го доби Трабзон со 3-2.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski