Connect with us

Нојер: Секој што играл фудбал знае како се чувствувам по еден ваков пораз

Голманот на Баерн Минхен, Мануел Нојер, се претвори од херој во трагичар за својот тим во полуфиналето во Лигата на шампионите против Реал Мадрид. Тој имаше голем број брилијантни одбрани во текот на натпреварот, но на крајот токму неговата грешка им помогна на домаќините да се вратат во игра, а потоа и да направат пресврт на „Сантијаго Бернабеу“.


Искусниот голман не ја криеше болката по мечот.

„Секој кој некогаш играл фудбал знае како се чувствувам во моментов. Да се ​​испушти таков резултат на крајот откако водевме со 0-1 до 85. минута е многу горчливо. Го направивме првиот чекор кон Лондон, па дури и се видовме во завршницата. Јас сум без зборови во моментов“, изјави Нојер.

Реал Мадрид ќе игра против Борусија Дортмунд во финалето на ЛШ на 1 јуни на „Вембли“ во Лондон.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови