Connect with us

Анчелоти: Повторно ја направивме нашата магија

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, беше воодушевен по успехот од 2-1 во реванш полуфиналниот натпревар од Лигата на шампионите со Баерн Минхен. „Кралскиот клуб“ повторно успеа да се извлече од тешката ситуација и на крајот направи пресврт.


Ова не се случува првпат, а според Анчелоти тука лежи магијата на Реал.

„Го направивме тоа повторно. Тоа се случува толку често, благодарение на навивачите кои не престануваат да нѐ поддржуваат на овој фантастичен стадион, благодарение на играчите кои не престануваат да веруваат – тоа е нашата магија. Имавме сила да не се откажеме во овој тежок дуел и не застанавме ниту за момент по примениот гол. Навивачите исто така помогнаа. Имаме сезона што навистина не ја очекував. Навивачите беа фантастични и успеаја да ги заразат играчите со својот ентузијазам”, започна Анчелоти.

„Хоселу е совршен пример за тоа каков е нашиот тим. Тој не добива голема минутажа, но сепак е многу корисен, може многу да помогне кога ни треба. Тој никогаш не губи самодоверба и секогаш мисли на тимот. Имавме толку многу проблеми во текот на сезоната, толку многу повреди, и не зборувам само за играчите кои беа надвор од терените долго време, но никој не зборуваше за тоа. Овој тим има неверојатни квалитети и одличен карактер“, додаде Италијанецот.

„Имавме тешки моменти по голот на Баерн, но штом ги направив замените имаше многу свежина во тимот. Енергијата многу ни помогна. Тоа беше можеби помалку тежок натпревар во споредба со оној против Манчестер Сити каде ни требаа два гола, а сега еден нѐ носеше во продолженија“, додаде стратегот на Реал Мадрид.

Тој го коментираше и судењето.

„Баерн се жали на судењето? Па, се жалиме и ние, затоа што Кимих изглуми фаул од Начо за голот што ни беше поништен“, истакна тренерот на „кралевите“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови