Connect with us

Галатасарај го откупи Хаким Зијеч од Челси

Мароканскиот играч за врска Хаким Зијеч ќе остане во Галатасарај и следната сезона. 31-годишниот офанзивец досега настапуваше во Истанбул како позајмен од Челси. Турскиот клуб ја искористил откупната клаузула во договорот и ја активирал, пишуваат медиумите од оваа земја.


Договорите меѓу двата клуба се веќе потпишани, а клубот од „Стемфорд Бриџ“ ги испратил потребните документи за финализирање на зделката.

Зијеч минатото лето се пресели во Галатасарај. За турскиот гигант одигра 21 натпревар во сите натпреварувања, постигнувајќи осум гола и четири асистенции.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови