Connect with us

Херојот на Реал има десетпати помала плата од ѕвездите во клубот

Хоселу е херојот на Реал Мадрид, творец на синоќешниот нов магичен пресврт (2-1) против Баерн Минхен за пласман во финалето на Лигата на шампионите. Шпанскиот напаѓач кој дојде на позајмица од Еспањол за „ситни пари“ заработува „ситниш“ во споредба со останатите ѕвезди на „кралскиот клуб“.


Станува збор за човек кој го сака Реал Мадрид повеќе од парите, пишува „Марка“. Неговиот пост од 2012 година во кој бара линк за гледање натпревар на Реал доволно зборува за неговата љубов кон дресот на „кралевите“.

Интересно е да се погледне и неговата неделна плата. Хоселу го чини Реал „само“ 48.000 евра неделно, што е помалку од многу други играчи.

За споредба, Џуд Белингам, Винисиус Жуниор, Лука Модриќ, Давид Алаба и Тони Крос го чинат Реал најмалку 400.000 евра неделно.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови