Тиквеш продолжув со одлични игри и со победи во Првата лига. Во Кавадарци денеска е декласирана Македонија ЃП со 4-0, а кавадаречкиот тим сега наметнува аспирации и за првите позиции на табелата.
Финишот на првиот дел се покажа како решавачки на денешниот дуел на Градскиот стадион во Кавадарци. Во 44.минута Иван Ивановски донесе водство за Тиквеш, а Барга Нгоба зголеми на 2-0.
Во 49.минута, беше досуден пенал за Тиквеш, откако Пецов играше со рака во шеснаесетникот на гостите. Ивановски беше успешен од белата точка за 3-0, а до крајот Нгоба уште еднаш стрелаше за конечен триумф. Нгоба имаше уште две одлични шанси, но не успеа да стигне до хет-трик. Пет минути пред крајот на мечот тој не успеа да реализира уште еден пенал.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski