Connect with us

Фановите на Милан не го сакаат Лопетеги, туку Роберто де Зерби, за нов тренер

Навивачите на Милан не го сакаат Хулен Лопетеги на клупата на тимот од „Сан Сиро“.

Италијанските медиуми пренесуваат дека раководството на клубот ќе ги послуша советите на фановите на „росонерите“, па веднаш потоа во преден план излезе ново име.

Тоа е стратегот од Премиер – лигата, Роберто де Зерби.

Актуелниот менаџер на Брајтон претходно го водеше Сасуоло во Серија А, потоа и Шахтјор Доњецк, откако кариерата ја продолжи во Украина. Се чини дека тој е идеалниот кандидат за наследник на Стефано Пиоли, но, сепак, прашање е дали сака да се врати во Италија.

Де Зерби има 44 години, а покрај гореспоменатите клубови ги водеше и Палермо, Беневенто и Фоџа.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови