Connect with us

Левандовски: Мојот хет-трик дојде поради добрата игра на целиот тим

Напаѓачот на Барселона, Роберт Левандовски, се радуваше по победата на Каталонците против Валенсија од 4-2 во мечот од 33. коло од шпанската Ла Лига. Полјакот беше клучен дел од успехот бидејќи постигна хет-трик за да му помогне на тимот да се врати во натпреварот откако двапати имаше негатива.


„Во првото полувреме не делувавме офанзивно. Мислам дека добро се снајдовме во второто полувреме кога ги наоѓавме слободните простори. Сега се радуваме на следниот натпревар. Ако сите играчи одиграат вака добро, ќе ми биде лесно да постигнам гол. Колку повеќе голови постигнам, толку е полесно и за мене и за сите други. Мојот хет-трик дојде поради играта на целиот тим“, изјави Левандовски.

Во следното коло, актуелниот шампион ќе игра против директниот конкурент за второто место, тимот на Џирона.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови