Connect with us

Таткото на Мбапе: Не е важно дали Килијан ќе игра на Олимписките Игри

Во Франција продолжуваат полемиките дали фудбалската ѕвезда на оваа земја, Килијан Мбапе, ќе учествува на Олимписките игри во селекцијата на „петлите“ предводена од селекторот Тиери Анри.

Евентуалниот иден клуб на Мбапе, Реал Мадрид, веќе најави дека нема да ги пушти своите играчи на Олимпијадата, ниту пак е обврзан на тоа.

Францускиот претседател Емануел Макрон и министерката за спорт на земјата Амели Оудеа-Кастера веќе го повикаа Мбапе да го води францускиот тим.


„Дали Калијан ќе биде таму или не, не е важно. Она што е важно е дека Олимпијадата е во Франција и дека целиот свет ќе ги гледа, а не дали ќе играат Мпабе и Вембањама“, изјави таткото на фудбалерот Вилфрид Мбапе за Радио Франс.

„Не знам што ќе се случи, има кој да одлучи за тоа. Но, што и да се случи, Килијан е среќен бидејќи Игрите ќе бидат во Франција”, изјави неговиот татко.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови