Connect with us

Франција се „тресе“ за повредата на Мајк Мењан, Милан објави за што се работи

Голманот на Милан и на репрезентацијата на Франција, Мајк Мењан, има повреда на десниот адуктор, соопшти италијанскиот клуб. Ова се случува неколку недели пред почетокот на Европското првенство летово (14 јуни – 14 јули). Голманот се здоби со повреда на загревањето пред натпреварот против Јувентус минатиот викенд.


„Магнетната резонанца покажа повреда на десниот адуктор. Следната недела ќе бидат направени нови прегледи во зависност од развојот на повредата“, објасни Милан преку сооопштение.

Оваа нова повреда на Мењан е лоша вест за селекторот на „петлите“, Дидие Дешамп, кој на 16 мај ќе го објави својот состав за ЕП 2024.

Мајк Мењан е светски вицешампион од Светското првенство во 2022 година, но веќе стана стартер за „петлите“ пред Брис Самба и Алфонс Ареола по пензионирањето на капитенот Хуго Лорис. Ова е трета повреда на голманот сезонава кој имаше проблеми со адукторот, бутниотмускул и со коленото.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови