Македонскиот првак Струга ТЛ загуби со 4-3 на денешниот пријателски натпревар против полскиот прволигаш Лоѓ што се одигра во Анталија. Тоа беше меч со многу пресврти, а на крајот славеше полскиот тим.
Бесарт Ибраими беше двоен стрелец за Струга ТЛ, а погоди и Марјан Радески. За противникот, двоен стрелец беше Рамирез, а во листата на стрелците се запишаа и Летниовски и Пируло.
Ова беше четврти пријателски натпревар за Струга ТЛ во пресрет на пролетната полусезона и втор пораз, откако претходно загуби од Оренбург (1-5).
Стружани го победија Караорман со 4-1, а ремизираа (1-1) против полскиот тим Арка.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski