Македонскиот фудбалски репрезентативец Стефан Ристовски ги одби понудите од Русија и ќе остане во дресот на Спортинг Лисабон најмалку до зимскиот преоден рок. Динамо Москва беше најзаинтересиран за неговите услуги, но десниот бек одлучи да остане во Португалија и на Инстаграм испрати порака, најверојатно до тренерот Рубен Аморим.
„Тука сум, не мрдам од клупата“. Ова откако новиот тренер на Спортинг Лисабон го стави Стефан Ристовски на трансфер – листа и му порача дека за него најдобро ќе биде да си побара друга фудбалска средина.
Спортинг Лисабон бараше отштета од 3 милиони евра при евентуален трансфер, но Стефан Ристовски не сакаше да замине во Русија.
Ристовски беше еден од најдобрите фудбалери во националниот тим на Македонија на трите натпревари од Лигата на нации, против Косово, Естонија и против Грузија.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski