Connect with us

Сити подобар од Ливерпул во Карабао куп (ВИДЕО)

Манчестер Сити го победи Ливерпул со 3-2 во Карабао куп, пласирајќи се меѓу осумте најдобри екипи во ова натпреварување.

Ерлинг Халанд во десеттата минута донесе водство за Сити, но израмни Карвалјо десет минути подоцна.

На почетокот на вториот дел, Ријад Махрез донесе нова предност за „граѓаните“, а само една минута подоцна возрати Мохамед Салах.

Нејтан Аке во 58.минута со удар со глава и третпат донесе предност за Сити, по што Ливерпул немаше сили да возврати. Дарвин Нуњез имаше убава шанса, но не беше прецизен.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови