Connect with us

Шестмина заминуваат од Воска Спорт

Македонскиот прволигаш Воска Спорт објави дека шестмина фудбалери оваа зима ќе го напуштат клубот.


Во пролетниот дел од сезоната, дресот на Воска нема да го носат голманот Хадис Велии, како и Фати Исмаили, Бесар Исени, Александар Ѓорѓиески, Бујар Хајдари и Сикиру Олатубосун.


Клубот на шестмината фудбалери им се заблагодари за досегашната соработка.


Се шпекулира дека Воска ќе ја засилат Андре Менсалао, бразилскиот интернационалец кој во минатото играше во Шкендија, како и долгогодишниот голман на тетовци, Костадин Захов.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови