Connect with us

Втор пораз за Македонија У16 од Словачка

Младата репрезентација на Македонија до 16 години, денеска на тренинг центарот „Петар Милошевски” го одигра вториот контролен натпревар против соодветната селекција на Словачка.

Избраниците на селекторот Раде Каранфиловски имаа предност од 1-0 по првото полувреме, но на крајот беа поразени со 1-3.

Противникот одиграа одлично второ полувреме, во кое успеа да постигне три погодоци, со што ја оствари втората победа против нашата селекцијата на двата контролни меча.

Единствениот погодок за Македонија беше дело на Александар Грашески.

Во првиот контролен натпревар помеѓу овие две репрезентации, Словачка оствари минимален триумф со 2-1.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови