Атдхе Мазари влезе во одлична форма во завршницата од сезоната. Крилниот напаѓач на Работнички постигна два гола во триумфот (3-1) против Тиквеш, а првиот беше вистинско ремек дело, со атракција и акробатски волеј-удар.
На трибините на овој натпревар беа скаути од Полска и од Чешка кои ја следеа играта токму на 22-годишниот стружанец. Мазари остави одличен впечаток, па сега уште поголем е интересот за него од Лех Познањ, Раков, како и од Плзен и Бањик Острава.
Од поодамна за Мазари постои интерес и од клубови од Унгарија, Хрватска и од Албанија.
Advertisement
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski
Advertisement
Advertisement