Connect with us

Манчестер Јунајтед нуди 100 милиони евра за младата ѕвезда на Бенфика

Англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед е сериозно заинтересиран за 19-годишниот играч за врска на Бенфика, Жоао Невеш, објави португалското издание „Рекорд“.

Според изворот, „црвените ѓаволи“ се подготвени да му понудат на португалскиот клуб 100 милиони евра за Невеш.

Невеш е дипломец од академијата на Бенфика. За сениорскиот тим на португалскиот гигант настапува од 2023 година.

Оваа сезона, 19-годишниот фудбалер забележа 53 настапи во сите натпреварувања, постигнувајќи три гола и две асистенции.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови