Connect with us

Проблем за Реал: Чуамени неизвесен за финалето на ЛШ

Играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Аурелиен Чуамени, се повреди на реваншот со Баерн Минхен.


Реал Мадрид денеска преку официјално соопштение потврди дека Чуамени се здобил со повреда на стапалото поради која ќе биде надвор од терените три до четири недели.

Тој има мали шанси да биде подготвен за финалето во Лигата на шампионите со Борусија Дортмунд. Во моментов прогнозите се дека има 20% шанси да биде фит за настап на финалниот натпревар.

Едер Милитао сѐ уште не е целосно подготвен да биде стартер, поради што Чуамени често играше во стоперски тандем со Рудигер, бидејќи Давид Алаба е надвор од теренот до лето.

Се очекува во финалето на местото на Чуамени да биде Начо Фернандез, капитенот на Реал Мадрид.

Финалето е закажано за 1 јуни во 21 часот на „Вембли“ во Лондон.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови