Connect with us

Пау Кубарси останува во Барса до 2027 година, откупната клаузула е половина милијарда евра

Дефанзивецот на Барселона, Пау Кубарси, го продолжи договорот со шпанскиот клуб, објави официјалниот сајт на Барселона.

Договорот ќе има важност до 30 јуни 2027 година. Откупната клаузула на играчот е 500 милиони евра.

Во тековната сезона во Ла Лига, 17-годишниот Пау Кубарси одигра 15 натпревари. Дефанзивецот има и три натпревари и една асистенција во Копа дел Реј и три натпревари во Лигата на шампионите.

Барселона во моментот е на третото место на табелата во Ла Лига.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови