Connect with us

Награда за херојот: Реал ќе го откупи договорот на Хоселу

Напаѓачот на Реал Мадрид, Хоселу, беше херојот на „кралевите“ во вчерашниот пласман во ново финале од Лигата на шампионите.


Хоселу доби шанса од клупата во 81. минута кога го замени Феде Валверде. Со головите во 88. и првата минута од судиското надополнување, Шпанецот го однесе својот тим во финалето на „Вембли“, каде што ги чека Борусија Дортмунд.

Покрај тоа што е апсолутен херој за навивачите на Реал, според најавите, Хоселу треба да добие и награда во вид на откуп на неговиот договор. Тој е на позајмица од Еспањол до крајот на сезоната и како опција од клупата се покажа одличен за Карло Анчелоти.

Реал планира да го награди со договор до 2025 година, а Хоселу би бил најсреќен ако остане на стадионот „Сантијаго Бернабеу“.

Оваа сезона тој постигна 16 гола во сите натпреварувања.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови