Connect with us

Шалке добива нов тренер

Шалке 04 продолжува со лошите изданија во Бундес – лигата. „Рударите“ се на последното место со само шест освоени бода од 11 одиграни кола.


За пет дена го пречекуваат третопласираниот Фрајбург, а дотогаш ќе имаат нов тренер.

Клубот се прости од Крамер на 19 октомври по 134 дена на позицијата прв тренер.

Привремено решение е Кројцер, а дефинитивно решение треба да биде Томас Реис.

Реис го водеше Бохум од септември 2019 година до септември оваа година кога остана без работа по шест порази во првите шест кола од Бундес – лигата. Се очекува наскоро двете страни да постигнат договор, но јасно е дека Шалке има тешка битка за да избегне враќање ранг подолу.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови