Македонскиот претставник Шкендија допатува во Стокхолм да оствари позитивен резултат на првиот дуел против АИК. Ова го порача тренерот Артим Шаќири, иако напомена дека сепак домашниот тим е фаворит.
Шаќири дел од својата кариера ја мина во Шведска, беше дел од Халмштад, и секако има обезбедено добри информации за утрешниот противник.
„Имаме информации за АИК. Ги анализиравме, секако дека се работи за квалитетен тим. Мислам дека нападот им е посилна страна, но затоа мислам дека можеме да ги искористиме нивните слаби страни во одбраната. Се надевам дека ние ќе одиграме добар натпревар, во таков случај можеме да се надеваме на позитивен резултат“, изјави Шаќири.
Дефанзивецот Меџит Незири потенцираше дека очекува тежок и неизвесен натпревар.
„Сигурно дека не очекува тежок натпревар. Нашата цел е да обезбедиме позитивен резултат, посакуваме триумф, но би биле задоволни и ако не загубиме, па потоа на реваншот да се решава патникот во следната рунда“, изјави Незири.
Утрешниот меч на „Френдс арена“ е закажан за 19 часот.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski