Connect with us

Серхио Рамос се повредил на последниот тренинг, го пропушта мечот со Рен

Шпанскиот интернационалец Серхио Рамос се повредил на последниот тренинг на Пари Сен Жермен. Сѐ уште не е јасно колку е сериозен проблемот за централниот дефанзивец, но тој би можел да го пропушти следниот натпревар на тимот.


Дефанзивецот не успеа да го заврши тренингот по посериозен судир со соиграч. На Рамос ќе му бидат извршени тестови за да се утврди точниот степен на повредата и колку време ќе треба да паузира.

Лидерот во француската Лига 1, тимот на ПСЖ, е домаќин на Рен в недела. Отсуството на Серхио Рамос ќе биде голем проблем за тренерот на ПСЖ, Кристоф Галтие, бидејќи 36-годишниот дефанзивец е во одлична форма.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови