Connect with us

Саво Милошевиќ заминува од кормилото на БиХ, а ќе го замени Сергеј Барбарез?

Саво Милошевиќ не успеа да ја однесе Босна и Херцеговина на Европското фудбалско првенство и повеќе нема да биде селектор на таа земја, пренесува „Аваз“.

За „Аваз“ беше потврдено дека се разговарало за нов договор со Милошевиќ, но дека српскиот стручњак не го сакал, по неуспешниот циклус со „змејовите“.

Милошевиќ изјави дека сака да се сврти кон нови предизвици.

Веќе се споменуваа потенцијални замени, но најинтересно за навивачите на оваа селекција секако е името на Сергеј Барбарез, славниот репрезентативец и капитен на Босна и Херцеговина.

Тоа би му била прва работа воопшто како тренер, но сѐ уште ништо не е договорено.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови