Connect with us

Сампаоли нов тренер на Фламенго

Бразилскиот гигант Фламенго го постави Хорхе Сампаоли за нов тренер. Тој доаѓа на местото на Витор Переира кој доби отказ по сензационалниот пораз од Маринга со 0-2 во Купот на Бразил.


Договорот на Сампаоли е до крајот на 2024 година. Аргентинецот последен пат беше на чело на Севилја, но се раздели со Андалузијците на крајот на март.

Хорхе Сампаоли има искуство од Бразил, каде ги водеше Сантош и Атлетико МГ.

Викендов започнува новата сезона во Бразил, а првиот натпревар на Фламенго е на домашен терен против Коритиба.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови