Connect with us

Мојес заминува од Вест Хем, негов наследник ќе биде Хулен Лопетеги

Менаџерот Дејвид Мојес ќе го напушти Вест Хем на крајот од сезоната, официјално објавија „чеканите“. Медиумите на Островот се децидни дека негова замена ќе биде Хулен Лопетеги.

„Вест Хем може да потврди дека Дејвид Мојес ќе го напушти клубот на крајот на сезоната, со заедничка согласност, кога ќе му истече договорот“, напиша Вест Хем во официјалното соопштение и потсети на достигнувањата на стратегот.


Тој го презеде тимот во декември 2019 година и успеа да го спаси од испаѓање. Под негово водство, Вест Хем минатата сезона ја освои Конференциската лига и оваа сезона стигна до четвртфиналето на Лига Европа.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови