Connect with us

Роналдо не може да се врати ни во Реал Мадрид

Португалската ѕвезда Кристијано Роналдо ова лето нема да се врати ниту во Реал Мадрид, доколку и постоела шанса за камбек на „Сантијаго Бернабеу“. Агентот Жорге Мендеш уште еднаш прашал дали има можност за неговиот клиент да се врати и да биде дел од „кралевите“ во новата сезона, но добил негативен одговор.

Иако Роналдо е најдобар стрелец во историјата на Реал, сепак, клубот во моментот има поинакви планови.

Роналдо беше одбиен и од Челси и од Баерн Минхен, а се споменуваше дека во опција за можна соработка е и Атлетико Мадрид. Сепак, на крајот веројатно Португалецот ќе мора да остане во Манчестер Јунајтед, со кој има договор за уште една сезона.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови